Косовската телевизија објави дека од експлозија на заостанати мини од воените судири во 1999, животот го загубиле 177, а повредени се најмалку 500 косовски граѓани. Од компанијата којашто го врши деминирањето, потенцираат дека и покрај тоа што многу зони се исчистени од мините, на терторијата на Косово се уште има над 100 ризични зони, меѓу кои најризични се зоните на границите со Албанија и со Македонија.
Според косовската телевизија при чистењето на минираните зони, се деминирани околу 90.000 експлозивни направи, а само во реонот на Хан Елези (поранешен Ѓенерал Јанковиќ), на косовско-македонската граница, позната како една од зоните со најмногу неексплодирани мини, од март досега се исчистени над шест илјади квадратни метри и откриени четири нексплодирани мини.
Од 2010 година, безбедносните сили на Косово исчистиле милион квадратни метри и деминирале 2.177 есплозивни направи, а екипи на ЕОД во 2.136 случаи – деминирале 3.150 разни експлозивни направи.