Со македонската премиера на документарниот филм „Со љубов“, во режија на Илија Цветковски, во сабота на 19 август, на платото пред Куршумли ан во Скопје, ќе биде отворен осмиот филмски фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.
Филмот „Со љубов“ ќе се прикажува во програмата „Млади автори“, а за седум дена љубителите на документарни филмови ќе можат да гледаат дури 68 документарни остварувања, избрани од 2.791 филм од 120 држави кои аплицирале за фестивалот.
Под мотото „Една слика вреди илјада зборови“, фестивалот годинава, ќе се фокусира на визелната нарација.
На фестивалот ќе бидат доделени наградите за најдобар филм и за најдобар филм на млад автор, а за првпат ќе биде доделена и наградата за краток документарен филм.