ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува говорот на омраза и незамисливо ниското ниво и вулгарен настап на кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој во својот говор го нападна својот политички противник на локалните избори, Стефан Богоев.
Во својот јавен настап, на предизборен митинг во општина Карпош на 13 октомври, Јакимовски се нафрли со говор на омраза, вулгарности, омаловажување и навреди против својот противкандидат и против ЛГБТИ заедницата, што е крајно неприфатливо и забрането со закон.
Ја повикуваме Државната изборна комисија, како и Основното јавно обвинителство да преземат остри мерки, соодветно на законите и да го санкционираат ваквото однесување на кандидатот за градоначалник, Јакимовски.