ЦИВИЛ – Центар за слобода обработи над 240 извештаи до 12 часот, на 17 октомври. Бројката на приговори доставена до ДИК е релативно мала во споредба на бројот на извештаи за нерегуларности од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ упати апел да се искористи можноста за поднесување приговори до ДИК. Граѓанките и граѓаните приговорите можат да ги поднесуваат до Општинските изборни комисии или директно до Државната изборна комисија.
Сите приговори по однос на неоствареното право на глас и несоодветното однесување на избирачките одбори, нарушување на тајност на гласање, проблеми на самите избирачкие места, како и сите други нерегуларности, ЦИВИЛ ќе ги испрати до ДИК во дадениот рок.
Иако според законот, ЦИВИЛ нема право на приговор, ДИК има ингеренции да постапува и самоиницијативно, врз основа на индиции. ДИК до сега не ги искористи своите високи ингеренции, но од ЦИВИЛ изразуваат надеж дека оваа институција конечно ќе се охрабри да го стори тоа.
Б. Јордановска