Mинатиот викенд се одржаа традиционалниот „Ромски бал“ во организација на Сојузот на Ромите на Амди Бајрам и „Ромската вечер“ која ја организираше Демократската партија на Ромите на Шабан Салиу, каде што гости беа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и други политичари.
„Мијалков е кум на ‘Ромскиот бал’ и негова задача секоја година е да ѝ ја стави златната круна на најубавата Ромка. Тој си ја изврши должноста како што е редот, и остана до крајот на забавата. Груевски и Спиро Ристовски се задржаа околу еден час, но драго ми е што нé испочитуваа со своето присуство. Балот беше гламурозен, гостите весели и задоволни, и да се надеваме дека и наредната година ќе имаме убава дружба“, изјави за Фокус, лидерот на СРМ, Амди Бајрам.
На „Ромскиот бал“ присуствувале околу 1.500 гости од целиот свет, посебно од Европа. Пред да започне забавата, присутните ѝ оддале почит со едноминутно молчење на кралицата на ромската музика Есма Реџепова.