ЦИВИЛ Медиа разговараше со Слаѓана Андоновска од Државниот инспекторат за труд за последиците од топлотинот бран, за (не)почитувањето на препораките на Министерството за труд и социјална политика, но и за улогата на граѓанките и граѓаните, граѓанските новинари, како и на традиционалните медиуми за излегување на инспекторите на терен.
„Поддржуваме пријави од граѓани и граѓански здруженија, од самите вработени и испраќаме инспектори со потполна доверба во тие што пријавуваат“, изјави Андоновска.
„Апелирам до сите медиуми да помогнат во освестувањето на работодавачите дека и за нив е подобро да ги почитуваат препораките. Така ќе остварат поголем профит со здрави работници, што редовно се на своите работни места“, додаде Андоновска. Таа истакна дека благодарение и на реакциите на граѓанските новинари преку ЦИВИЛ, и воопшто на медиумите, Инспекторатот благовремено дејствува.
„Вие ни помагате во нашата работа на лице место, таму каде што вие сте виделе, ние веднаш да изреагираме…“, изјави Андоновска за ЦИВИЛ Медиа.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов