Во текот на оваа недела, ЦИВИЛ – Центарот за слобода ќе спроведе онлајн анкета под наслов „Протести во Македонија – решение или продлабочување на кризата“, во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“. Анкетата ќе се спроведува од денеска до петок, 29 април.
Онлајн анкетата опфаќа прашања, кои се однесуваат на протестите и контра-протестите коишто деновиве се одржуваат во Македонија, и нивното влијание на политичката криза и можностите за одржување на слободни избори. Преку оваа анкета, ЦИВИЛ ќе се обиде да го детектира ставот на граѓанките и граѓаните за протестите и контра – протестите и нивното организирање и дејствување, информираноста и поддршката на граѓаните за барањата кои произлегуваат од нив, како и влијанието на овие настани на политичката криза во Македонија и можностите за организирање на слободни избори.
Кликнете ТУКА за да одговорите на анкетата која ќе ви одземе најмногу една минута.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да се вклучат во работата на нашата организација како граѓански набљудувачи и граѓански новинари и со своите пријави, коментари и сугестии да придонесат кон создавање услови за слободни избори. Посетете ја веб страницата на ЦИВИЛ, онлајн формуларот за пријава на политички и други притисоци и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.
„Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ е проект на сите граѓанки и граѓани на Македонија. Тој произлегува од потребата на граѓан(к)ите да се вклучат во создавањето услови за спроведување слободни избори. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.