Вториот квартален извештај од мониторингот на работата на АВМУ и АЕК, денеска го презентираа Билјана Бејкова од НВО Инфо Центар, Неда Чаловска, правна советничка од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Горан Лазаров, проектен координатор на Евротинк и Бардил Јашари, извршен директор на „Метаморфозис“.
Работата на овие две агенции во периодот јануари – март 2017, беа мониторирани од аспект на транспарентноста и отчетноста, ефикасноста и независноста, перформансите и извршувањето на јавниот интерес.
Резултатите покажуваа дека АВМУ е подложен на политичка/партиска наклонетост, а ефективноста може да се мери по 20 постапки за порамнување што завршиле неуспешно и за нив се бара прекршочна постапка за изрекување глоба, а непочитувањето од судовите на законските регулативи, ја одолговлекувало работата на АВМУ. Што се однесува до јавниот интерес, мрежата за медиумска писменост е позитивен чекор, додека препознавањето на говорот на омраза, резултира со две прекшочни постапки, за кои ОЈО одби да постапи по барањето на Агенцијата.
„Со оглед дека овој документ го опфаќа Годишниот извештај за 2016 на АВМУ, нотиравме дека единствено два случаја на говор на омраза се препознаени од Агенцијата. Со оглед дека АВМУ врши систематско следење на медиумите во текот на целата година, со оглед на изборите во 2016 кога беа забележани најголем број случаи на говор на омраза и повикување на насилство, ова бројка од два случаја прилично разочарува, но од друга страна, е показател дека Агенцијата почнува да се отвора кон следење и санкционирање на говорот на омраза, што не беше случај во претходните години“, изјави Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет.
Што се однесува до работата на АЕК, замерките беа на нефукционалноста на сите три Интернет страници и немањето информации за раководството на АЕК и за членовите на комисијата. Исто така, голем проблем и показател за нетранспарентност се годишните планови за јавни набавки за 2016 и 2017, што не се објавени на нивната Интернет страница. Споровите за кои АЕК е тужен се непознати, а извештаите за донациите до ЈСП Скопје, Зоолошката градина, МРТ, Велосипедската федерација и Општина Гази Баба од висина 180 милиони денари се непотполни со информации! Особено е спорна е донацијата на Велосипедската федерација, во време кога директорот на АЕК бил и претседател на Федерацијата, со што има конфликт на интерес, за што од директорот нема никаква реакција.
Текст и фото: Биљана Јордановска