„Оваа година видовме дека тензиите на Балканот загрижувачки растеа, во различно време во различни земји. Имавме моменти на криза, акутна криза, но на крајот на денот, нашите партнери на Балканот секогаш успеваа да ја потврдат нивната желба и способност да постигнат напредок на европскиот пат, на нивниот пат кон ЕУ“, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
Според Могерини, Балканот и понатаму е приоритет на Европската унија (ЕУ), а „партнерите на ЕУ на Балканот”, секогаш успевале да ја потврдат желбата и способноста за напредок на патот кон ЕУ, зашто тоа од нив го бараат нивните сонародници. Могерини потенцира дерка Унијата им помага на балканските држави, но дека се работи за нивни заслуги: „Зошто? Затоа што верувам дека нивната млада популација го бара тоа од своите лидери и лидерите тоа го знаат многу добро. Може да биде тешко, предизвикувачки и понекогаш болно да работат на помирување и на добрососедски односи, но ако на крајот на денот, тоа го бараат лужето од нив, треба да се обезбеди. Ние сме тука да им овозможиме да се обезбеди“, изјавила Могерини.