„Премиерот Заев за потребите на партијата на митинзите во Битола и Ресен, користеше приватен автомобил, а не службено возило“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, , потпарол на Владата, Миле Бошњаковски.
„Митинзите, како старт на изборната кампања на СДСМ за престојните локални избори, се работа на партијата, а не на државата! Така што, господинот Заев, како лидер на партијата, не користел никакви државни средства што му се на располагање како на премиер“, ни одговори Бошњаковски, на барањето за коментар на обвинувањата на социјалните мрежи и во дел од медиумите, дека Заев наводно, користел возило на Владата за партиски митинзи.
Откако порталот „Курир“ обвини дека потегот на Заев е пример за „класично мешање на партијата и државата“, а Бошњаковски категорично демантираше.
Биљана Јордановска