Утринава во 7 часот и 58 минути со минута молк Брисел оддадена почит на жртвите на аеродромот Завентем, каде пред точно една година одекна првата бомба во серијата терористички напади во кои загинаа 32 луѓе, а над 300 беа ранети.
Утрото на 22 март 2016 година, на излезниот терминал се разнесоа двајцата бомбаши самоубијци подоцна идентификувани како Ибрахим Ел Бакраиу и Наџим Лахрауи, при што загинаа 16 луѓе.
Потоа со минута молк во 9 часот и 11 минута граѓан(к)ите на Брисел оддадоа почит на жртвите на метро станицата Молбек каде истиот ден пред една година се разнесе бомбаш самоубиец и загинаа исто така 16 луѓе.
Почит оддадоа семејствата на загинатите, претставници на владата, како и кралот Филип и кралицата Матилда.
Одговрноста за овие напади ја презеде Исламската држава, од каде соопштија дека нападот е одмазда за апсењето на Абделслам, организатор на терористичките напади во Париз, во кои беа убиени 120 луѓе.
Со една минута молк, ЦИВИЛ – Центар за слобода, на денот на терористичките напади им оддаде почит на жртвите и со тоа се приклучи кон светската акција за едноминутно молчење, за жртвите од вчерашните настани во Белгија.