Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави денеска дека се јасно утврдени, со јасни докази, сè поагресивните разузнавачки операции против Србија и српската амбасада во Скопје, во што е присутен и странскиот фактор.
„Ние вчера го информиравме Министерството за надворешни работи на Македонија дека го повлекуваме целиот персонал на амбасадата на Република Србија во Република Македонија на итни консултации во Белград, поради тоа што е јасно утврдено, со јасни докази, засилено офанзивно, разузнавачко дејствување против Република Србија како целина и нашата амбасада, во што е присутен и странскиот фактор“, рече Дачиќ во својата видео изјава дадена ексклузивно за новинската агенција Танјуг.