Во пресред на локалните избори, предвидени да се одржат во октомври, Државната изборна комисија на денешната 123 седница ќе го разгледа, а се очекува и да го усвои, упатството за начинот и за постапката за поднесување, прием и за потврдување на кандидатските листи.
Начинот на утврдување на личниот идентитет на гласачот и упатството за важечки и неважечки ливчиња ќе бидат приоритетни за членовите на ДИК, но се очекува да се разгледа и Извештајот за исплатата на надоместокот на трошоците на учесниците во изборната кампања.
Во интервју за МИА, претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека досега нема никакви пречки, локалните избори да се распишат на 6 август и да се одржат на 15 октомври.