Државна изборна комисија денеска со почеток во 18 часот ќе ја одржи 158-та седница на која ќе се разгледува извештајот за поднесените приговори на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од изборниот ден.
На седницата ДИК со предлог-заклучок ќе ги објави конечните резултати за општините каде што нема поднесено приговор.
Седницата е јавна и се поканети сите заинтересирани страни, како и медиумите.