На дневен ред на седницата членовите на ДИК ќе одлучуваат за објавување на описите на избирачките места, ангажирање на помошно тело и за поништување на одлуката за избор на економски оператор за печатење на Избирачкиот список.
На седницата ќе се разгледуваат извештајот за Избирачкиот список по завршениот јавен увид, извештајот за рекламни паноа и билборди и нивна распределба по случаен избор, а на дневен ред се и акедитациите за меѓународни набљудувачи.
Според роковникот, најдоцна до 19 септември, политичките партии имаат можност да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци од Избирачкиот список.
ДИК ги повика и политичките партии да присуствуваат на расплределбата на рекламните паноа и билборди.