Државната изборна комисија ги објави официјално мандатите на советници во Советите на општините. Според освоените гласови, во Град Скопје, СДСМ има 21 советници, ВМРО ДПМНЕ има 17 советници, ДУИ 3, Беса 2 советници, Алијанса на Албанци и Левица по 1 советник.
На листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, актерката и поранешна директорка на театар Комедија, Јелена Жугиќ, оџата на Амди-пашината џамија, Али Берат и други.