Државната изборна комисија се подготвува за владина средба на која се очекува да се зборува за моменталната состојба и текот на подготовките за локалните избори на 15 октомври.
Државната изборна комисија ургентно ги повика Општиниските изборни комисии најдоцна утре да ги поденесат сите податоци за состојбата на жиро сметките на општините, дали оштините во буџетот за 2017 година имаат ставка што се однесува на локалните избори и дали ОИК ги има обезбедено сите просторно-технички услови од Општините.
Вакво барање ОИК добиле една недела претходно, но само неколку одговориле. Одговорите до ДИК треба да стигнат најдоцна до утре во 14 часот.