Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово одржа дводневна обука на лицата со попреченост и на нивните семејства за перципирање на информациите од медиумите, односно, за препознавање на тоа што е вистина, а што е лага.
„Ние апелираме до сите лица со попреченост јавно да зборуваат за остварувањето на нивните права, но и за проблемите во нивното секојдневие. Ако тие не зборуваат и не бараат поддршка од институциите, никој нема да ги знае нивните проблеми, ниту пак, некој ќе сака да ги реши“, изјави Благица Димитровска од „Инклузива“ за ЦИВИЛ Медиа.
Оваа обука е дел од проектот „Инклузија преку медиуми“ во партнерство со ТВ Плус од Куманово.
Текст, камера и монтажа: Биљана Јордановска