Благица Димитровска, од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, на денешната конференција „Слободни избори за слободно општество“ се осврна на проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост, на дискриминацијата на лицата на кои им е одземена деловната способност и на неправдата која им е нанесена поради неможноста да го изразат својот став и да гласаат рамноправно, како сите граѓанки и граѓани на Македонија.
„Нашата држава има обврска да ги усогласува законите со Конвенцијата за правата со лицата со попреченост, која е потпишана во 2006 година, а ратификувана во 2011. Уставот на Република Македонија им дава право на глас на сите граѓани, освен на лицата на кои им е одземена деловната способност. Тоа е дискриминација! Овие луѓе се непостоечки личности, некој што живее во оваа држава, а го нема…“, рече Димитровска на конференцијата.
Маја Ивановска
Фото: Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента