Categories

ФЕСТИВАЛ „Денови на разноликоста“

На неколку локации во Скопје, од 30 август до 1 септември, во организација на „Женска алијанса“, ќе се одржи фестивалот „Денови на разноликоста“ чија цел е да ја популаризира улогата и вредноста на различноста во општеството.

Опсегот на настаните и уметничките содржини презентирани на нив го рефлектираат човечкиот и културниот диверзитет, а покрај популаризација на различноста, правото да се биде различен, правото на слобода на изразување, културата и уметноста на различни малцинства, фестивалот, исто така, има за цел да ја едуцира јавноста и да ја подигне свесноста за вредноста на почитувањето на различностите, за да се обезбеди одржлив развој и благосостојба на општеството.
Фестивалот „Денови на разноликоста“ во Скопје е една од основните компоненти на проектот „Безбедни и еднакви: Управување со недискриминација и диверзитет при вработувањето“, а организатори издадоа и брошура со програмата за фестивалот.

Фестивалот ќе биде отворен вечерва во Музејот на современата уметност, со поздравни говори
на министерот за култура Роберт Алаѓозовски и на Наташа Сукич  од Студентскиот културен центар – ШКУЦ од Словенија, по што ќе се одржи концертот на Ема Ананиевска (пијано), апсолвентка на Факултетот за музичка уметност и на гудачкиот квартет ВИВА Стрингс, составен од академски музичари, членови на Македонската филхармонија
Потоа, ќе биде отоврена изложба на селекција на фотографии од различни автори, пристигнати на јавниот конкурс за фотографија на тема – недискриминација и диверзитет, коктел и диџеj сет на Костадин Шурбановски – Шурбе.
Утревечер (31 август) во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи филмска проекција на документарецот „Квир Артивизам“ и претставување на истата изложба на фотографии од МСУ, а во кафе барот „Винил“ ќе има забава со диџеј Зоки Бејбе.
Во петок (1 септември) во хотелот „Порта“ ќе се одржи меѓународна конференција: „Заедно за праведно вработување: Инклузивен пазар на трудот за инклузивно општество“/

Print Friendly, PDF & Email