Во Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска треба да заврши расправата по единствената точка од дневниот ред, Законот за употреба на јазиците, во прво читање, известува МЕТА.
Во рамките на денешната расправа, која започна во 12 часот, се најавени завршни обраќања на координаторите на четирите најголеми групи во Собранието, по што ќе се гласа за законот, и потоа, според процедурата, тој оди во друга собраниска комисија.
Вчера, на вториот ден од расправата за законот за јазиците во Комисијата за европски прашања, за одредбите за употребата на албанскиот јазик во Македонија учествуваа Весел Мемеди, Реџаил Исмаили, Владанка Авировиќ, Петре Шилегов, Нола Исмајлоска и Жаклина Пешевска.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.