До 19 часот истекува рокот запостапката за гласање, односно до 24 часот денеска, трае рокот за поднесување приговори и тужби за постапка за сумирање на резултати од гласањето, во однос на локалните избори што се одржаа во неделата. Откако ќе се постапи по приговорите, ќе бидат познати и конечните резултати за првиот круг гласање.
Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно објавувањето на првичните резултати.
ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.
Против решението на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија е должен да донесе одлука по жалбата, во рок од 48 часа по нејзиниот прием.