„Босна и Херцеговина е невозможна држава, но опстојува благодарејќи на притисоците на меѓународната заедница“, изјави синоќа претседателот на Република Српска, Милорад Додик, јавува МИА.
Гостувајќи во емисија на српската државна телевизија РТС, Додик нагласи дека босанските Срби биле присилени да го прифатат Дејтонскиот мировен договор и „неметнатите решенија“, иако никогаш не сакале да живеат во државата Босна и Херцеговина.
„Таа држава опстојува благодарејќи на големите интервенции на меѓународната заедница, кои сепак губат на сила и не се исти како пред пет или десет години“, истакна Додик.
Според него, Република Српска ги има сите елементи да функционира како држава.
„Има територија, народ кој сака држава, извршна власт и добри регионални односи. Најдобро е и за Бошњаците да се раздвоиме. Само губиме време заедно. Монструмот БиХ не може да функционира“, заклучи Додик.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.