Под мотото „Градиме нови генерации“ – годинешното издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримОн“ што ќе се одржи од 26 до 30 јули во Струга, нуди општествено ангажирани теми за дискусија и размислување за пристапноста и способноста на иституциите и општеството за лица со посебни потреби, за клиентелизмот во медиумите, за улогата на жената во социокултурниот живот, како и локално – за загадувањето од струшката депонија
Иницијативата за независен културен активизам (ИНКА) со дваесет настани и над 40 учесници, на публиката во Струга ќе ѝ понуди уметничка програма преку театарски претстави, филмови, изложби, работилници и дебати.
„ДримОн“ нуди општествено ангажирани теми за дискусија и размислување за пристапноста и способноста на иституциите и општеството за лица со посебни потреби, за клиентелизмот во медиумите, за улогата на жената во социокултурниот живот, како и локално – за загадувањето од струшка депонија.
Креативниот тим на фестивалот, и овојпат, фокусот го насочува кон афирмација на културните и уметнички вредности, преку застапување на правото за фер информирање и право на пристапност, правото на култура и уметност, правото да се размислува надвор од границите на воспоставените правила во општеството. Оваа издание е споветено за заложбите за поубаво општество за овие и за следните генерации.
На програма е темата за афирмација на жената како автор, творец, идеен носител на општествените промени, одразени преку специјалната фестивалска селекција „За женски каузи“, поддржана од „Цивика Мобилитас“, како и фестивалска селекција „Мрдни со прст за справување со отпадот“ за поттикнување на зелени идеи за справување со отпадот.
„Дримон“ е поддржан со ад хок грант на програмата „Цивика Мобилитас“, со кој се финансира селекцијата на жени авторки и „Мрдни со прст“, кои заедно со волонтерскиот ангажман на заедницата, ја помагаат инфраструктурата на Зелената зона, додека НУЦК „Браќа Миладиновци“ од Скопје е копродуцентски партнер.
Б. Јордановска