Поради дуплирање на две гласачки ливчиња со ист сериски број, во цела општина Ресен одново ќе се пребројуваат гласачките ливчиња, јави мониторинг тимот на ЦИВИЛ.
Во ИМ 1631 во Јанковец, кога членовите на Избирачкиот одбор рачно ги броеле гласачките ливичиња, забележале дека има две со ист сериски број.
Откако Избирачкиот одбор пријавил во Општинската изборна комисија, комисијата со овластување на ДИК во сите изборни единици да се пребројат гласачките ливчиња.