Германија ќе потроши 10 милиони евра, со цел да помогне при отстранувањето на мините од северниот град Рака, објави денеска весникот „Ханделсблат“.
Германското Министерство за надворешни работи се очекува денеска да најави зголемување на финансирањето за деминирање, како дел од договорот со САД.
Со тој договор се предвидува помош при финансирањето на „Тетра Тек“, изведувач најмен од американската администрација заради расчистување на мините во Рака по минатомесечната победа над терористичката група „Исламска држава“ во овој регион.
Норберт Роетген, член на Христијанско-демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел за весникот изјави дека финансиската помош за обнова на Сирија мора да биде комбинирана со одржливо решение за политичка стабилност во земјата.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.