„Убаво е да се знаат јазици, сите да ја покажат својата култура и да живееме во слога и братство!“, одговори една граѓанка на прашањето на денешната анкета на ЦИВИЛ Медиа: „Дали употребата на албанскиот јазик го загрозува македонскиот јазик?“
Поголемиот дел од анкетираните скопјан(к)и кои ни одговараа на македонски јазик, рекоа дека не им пречи употребата на албанскиот јазик и дека со неговото официјализирање, нема да се загрози македонскиот јазик.
„Не е загрозен македонскиот јазик, тоа е глупост! Никому не му пречи албанскиот јазик!“, вели еден граѓанин. Друг смета дека „секој јазик е благодет… Колку јазици знаеш, толку подобро“.
Меѓутоа, имаше и неколкумина анкетирани кои сметаат дека македонскиот јазик и државата ќе бидат загрозени доколку се воведе албанскиот, како втор службен јазик, дека „македонскиот народ ќе биде поништен“…
„Македонскиот јазик ќе биде загрозен ако се воведе двојазичност. Не може со 20 отсто да биде рамноправен, бидејќи ние останатите сме 80 отсто“
Зад камерата на ЦИВИЛ Медиа, еден граѓанин нѝдофрли: „Камо среќа да знаев албански, бидејќи најчесто работам со клиенти од Косово и Албанија. Да знаев албански, немаше да има потреба да комуницираме на англиски јазик. Тврдам дека прашањето за тоа на каков јазик ќе се комуницира, ќе биде небитно во моментот кога ќе разговараме за бизнис и пари… Сè додека немаме силна економија, политичарите ќе нѝ даваат вакви теми за да избегат од вистинскиот фокус, односно, од вистинските проблеми што ги засегаат граѓан(к)ите“.
Соговорниците кои ни одговараа на албански јазик, велеа дека употребата на албанскиот јазик не го загрозува македонскиот јазик. „Штом живееме во иста држава, не го загрозува, ама што не нѝго даваат, не нѝго даваат. Па, ќе чекаме сега-засега, ако се вредни овие нашиве…, инаку Македонците не нѝго даваат“. На прашањето дали нешто ќе се подобри во животот на етничките Албанци, со новиот статус на албанскиот јазик во Македонија, еден соговорник, кој зборуваше албански, беше дециден: „Ќе имаме повеќе права. Ние живееме во Македонија и ни треба албанскиот јазик тука. Друго не знам што да ви кажам, ни треба. Се боревме со векови, и затоа ни треба…“
Вулнет Махмути
Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска