Categories

ФЕСТИВАЛ Голубовска: Очекуваме пораки од Албанија за бегалската криза

Хуманитарната невладина организација „Легис“, која обезбедува неопходна хуманитарна помош за бегалците и барателите на азил, со изложба на фотографии „Borderland“ (Земја на граници), ќе се претстави на Филмскиот фестивал за човекови права во Тирана, Албанија на 19 и 20 септември.

„Очекуваме да биде добро прифатена изложбата која, сама по себе, е интерактивна и буквално допира до секого кој ќе ги види фотографиите. Се работи за донирани фотографии на ‘Легис’ од наши познати фоторепортери, Роберт Атанасовски, Наке Батев и Борче Симоновски… Исто така, очекувам да примиме пораки и мислење од Албанија за бегалската криза, особено затоа што изложбата тоа го дозволува. Секој оној што ќе ја разгледа, ќе има можност самостојно да одговори на прашања што се наоѓаат под секоја фотографија и така ќе ги цениме и впечатоците од оваа изложба“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, активистката Јасмина Голубовска.

Изложбата досега е прикажана во повеќе градови низ Македонија, како и во Чешка, а ќе гостува и во Виена. Голубовска истакна дека оваа е одлична можност да се соработува со ЦИВИЛ, кој поддржа млад бенд од Македонија, за преку музика да ги пренесе и промовира пораките за човековите права и слободи.

Филмскиот фестивал за човекови права го организира „Маруби“ – Академија за филм и  човекови права од 18 до 23 септември.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email