МВР сè уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници Горан Грујевски и Никола Бошковски во Солун.
Медиумите синоќа објавија дека двајцата поранешни началници во МВР кои неколку месеци беа во бегство, се уапсени во Солун.
Грујевски и Бошковски се обвинети во три случаи на СЈО: „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.
Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.
Од 18 јули, кога Апелацискиот суд им одреди мерка притвор, тие се недостапни за полицијата.
Извор: МИА