„Од ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето доколку СДСМ формира Влада, дали истата ќе биде прифатлива за партијата, беше одговорено дека секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека, во исто време, носи одлука да се соочува со проблеми во иднина, својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“, се вели со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, по повод средбата на партискиот лидер Никола Груевски со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ, Нина Суомалаинен.
Според соопштението, ВМРО-ДПМНЕ опстојува на ставот дека состојбата во Македонија е „зрела за одржување на нови предвремени парламентарни избори поради тесното мнозинство кое би било направено“.