Македонскиот министер занадворешни работи Никола Димитров на маргините на форумот „Јадранско-медитеранската соработка и безбедноста во Југоисточна Европа“ во Дубровник, се сретна со американскиот дипломат Хојт Брајан Ји. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, американскиот дипломат ја истакнал поддршката на САД за Македонија, на патот кон евроалтанските интеграции.
„Најтемниот момент на Балканот годинава, беше 27 април во Собранието на Република Македонија, а најдобрата вест во целиот регион е формирањето на новата реформска влада“, акцентирал американскиот дипломат Ји во неговото излагање како панелист на форумот.
Министерот Димитров во својата дискусија посветена на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот ја потенцирал потребата од брз и сестран раст на Балканот, за да се спречи целосна миграција на младите во Европа.