„И мажите можат“ е национална кампања за промоција на вклучувањето на мажите и момчињата во напорите постигнување родова еднаквост. На јавниот настан на 16-ти септември (сабота) во „Јавна соба“ во Скопје, со почеток во 12 часот, ќе се одржат три работилници за градење вештини: „Мажите готват“, „Мажите пеглаат“ и „Креативни игри за децa“, во кои учество можат да земат мажи и момчиња, а за кои ќе бидат избрани по петмина учесници.
Кампањата е насочена кон испраќање пораки до заедниците и медиумите, со организирање на обуки и настани кои се однесуваат на вклучување на татковците и градење на нивните вештини за грижа за децата и грижа во домот.
Кампањата се одвива во рамките на иницијативата „Вклучување на мажите и момчињата за родова еднаквост“, проект на Здружението за социјални иновации „АРНО“ што се имплементира во партнерство со Y-PEER Македонија, со поддршка на Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија.
Проектот во Македонија го поддржуваат: Здружението „Родова перспектива“, Здружението за еднакви можности „СЕМПЕР“ од Битола, Женскиот форум од Тетово, Женската граѓанска иницијатива „Антико“, Едукативно хуманитарната организација – ЕХО, Tiiiit !Inc, Организацијата на жени на град Скопје и Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство