Categories

ИЗБОРИ Информирај се, биди активен, гласај!

Здружението на граѓани „Нексус – Граѓански концепт“, како дел од проектот „Платформа за стимулирање активна граѓанска партиципација: Информирај се, биди активен, гласај!“ подржан од ЦИВИКА Мобилитас, пласираше веб-апликација jasglasam.mk, на која можат да се прочитаат кратки делови од програмите на кандидатите од секоја општина, а ќе може и да се гласа за програмата која е од интерес на граѓанките и граѓаните.

Исто така, здружението подготви и видео прилог што ќе им го олесни на посетителите на апликацијата пребарувањето. Видеото го претставува односот на младите кон изборниот процес и продобивките од искористувањето на нивното право на глас.

Веб апликацијата e наменета најповеќе за младата популација која им овозможува од едно место да се информираат за програмите на кандидатите за градоначалници од нивната општина и да гласаат за програма која е најблиска до нивните интереси.

Print Friendly, PDF & Email