Оценката на ОБЦЕ/ОДИХР за локалните избори е дека биле во согласност на меѓународните стандарди.
Според ОБСЕ/ОДИХР локаните избори покажаа демократски напредок и посочија на порастот на довербата на гласачот во изборниот процес.
Државната изборна комисија доби преодна оценка за отвореноста на седниците и соработката со набљудувачите, сепак забелешка имаше за донесување на голем број одлуки зад затвворени врати.
Од ОБСЕ/ОДИХР се надеваат дека и вториот круг од локалните избори ќе помине во мирна атмосфера.
Што се однесува до обвинувањата на опозицијата за изборните нерегуларности на вчерашниот ден, ОБСЕ/ОДИХР заклучија дека нема избори без нерегуларности, но генералоно изборите во првиот круг поминале според очекувањата.