Со 57 гласа – „за“, 50 – „против“ и 47 – „воздржани“, пратениците во парламентот на Ирска вчера го избраа новиот премиер Лео Варадкар, откако досегашниот премиер Енда Кени се повлече од функцијата.
Покрај тоа што е официјално, првиот премиер на Ирска кој јавно признал дека е геј, тој е и најмладиот човек избран на премиерската функција.
„Бев избран да водам, но јас ветувам дека ќе служам“, изјави Варадкар при неговото обраќање по изборот. Вардкар, кој беше предложен од поранешната премиерка Кени, освои гласови и од независни пратеници.
Вчера, Варадкар ја предупреди британската премиерка Тереза Меј, дека правејќи договор со Демократската унионистичка партија може да го стави под ризик Мировниот договор од 1998 година наречен „Добар петок“. Тој рече дека британската Влада не треба да е „премногу блиска” со која било северноирска партија.
„Нашата улога, како влади, е да дејствуваме како когаранти (на договорот ‘Добар петок’), да не бидеме премногу блиску до која било партија во Северот, без разлика дали тоа се националистички партии или унионистички партии”, додаде тој.
Варадкар потекнува од семејство на мајка Ирка и татко Индиец. По професија е лекар, во Владата на досегашниот премиер, бил министер за транспорт и туризам, а пред тоа, раководел со секторот за здравство.