Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и aмбасадорот на Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп, денеска заедно возеа велосипед на патот кон свооите канцеларии, за да ја одбележат „Европската недела на мобилност“, и со својот пример да влијаат врз граѓаните.
Слоганот на годинешната „Европска недела на мобилност“ е „Споделувањето Те движи напред“, а активности по повод неделата ќе се одвиваат во 12 градови во Македонија.
Амбасадорот Пломп и министерката Апостолска, според соопштението од владината служба, заеднички изразиле задоволство што се зголемува бројот на граѓаните кои го користат велосипедот, како „најлесниот, најефикасниот и најеколошкиот начин на превоз за Скопје“, но се согласиле и дека е потребен заеднички труд на централната и на локалните власти, и на граѓаните, за Скопје да се стане вело-град, од што сите граѓани би ги почувствувале придобивките.