Во рамките на на посетата на делегацијата од Европските зелени, предводена од копретседателот и европратеник Рајнхард Бутикофер (Reinhard Bütikofer), во која се и членовите на Извршниот комитет на Зелените Орас Тикнен (Oras Tykknen) и Томас Вајц (Thomas Waitz), Демократската обнова на Македонија утре во скопскиот хотел „Холидеј Ин“ во 10,30 часот организира меѓународна конференција на тема „Искуството на европските ‘Зелени’ во борбата против загадувањето од рудниците“
Европските зелени ја поддржуваат борбата на ДОМ и на сите еколошки граѓански иницијативи против отворањето на рудници во југоисточниот дел од Македонија, кои според Зелените, ДОМ и граѓанските активисти од Македонија се штетни за здравјето на населението и можат сериозно да ја загадат животната средина.
Панелисти ќе бидат лидерката на ДОМ, пратеничката Лилјана Поповска, копретседателот на Европските Зелени и европратеник Рајнхард Бутикофер, Даниела Божинива од „Зелените“ од Бугарија и Димче Балевски, граѓански активист од Валандово. На Конференцијата се поканети граѓански активисти од цела Македонија, експерти и претставници од соодветни институции