Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, од партијата ТМРО, на лидерот Ванчо Шехтански, се води како починат.
Од ТМРО изјавија дека се сомневаат во изборни нерегуларности, затоа што нивниот кандидат за градоначалник во скопската Општина Аеродром се води како починат, „иако човекот е жив и здрав“ и му е оневозможено поднесувањето на кандидатурата.
Кога лицето И.П. поднело барање за издавање на уверение за неосудуваност во Основниот суд Битола, неговата партија ТМРО добила писмен одговор – дека лицето е починато!
„Сè уште незапочнати, локалните избори упатуваат на сериозни нерегуларности, кои директно влијаат врз изборниот резултат“, велат од партијата.