Categories

ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Кардула: Вашите деца никогаш нема да ви простат!

„По толку години, за првпат на чело на Министерството за труд и социјална политика е поставен социјален работник, Мила Царовска, која ги знае проблемите на родителите што имаат деца со посебни потреби, и која е решителна да се справи со хаосот што претходната криминална влада го има направено“, вели за ЦИВИЛ Медиа, активистот Зоран Кардула.

„Нашата борба, како родители на едно прекрасно дете со нетипичен развој (своја, различна, весела, некогаш во свој свет кој очигледно е многу подобар од светот што ние другите го живееме), трае со години. Таа борба никогаш не беше лесна. Тоа е борба со институциите кои никако да профункционираат, борба со родители кои аутизмот сè уште го сфаќаат како заразна болест, борба со образовниот систем кој никако да профункционира и да ја спроведе инклузијата во вистинска смисла, борба со здравството кое нема стручен кадар за оваа состојба и да не набројувам, со какви проблеми секојдневно се соочуваме“, истакнува Кардула.

Тој додава дека криминалната гарнитура на претходната власт бара интерпелација за министерката Царовска, без аргументи, само затоа што „стравот кај нив е е премногу голем дека ќе им ги открие сите криминали“.

„Дел од криминалците имаат деца со нетипичен развој, но тоа нив не ги интересира, битно им е партијата и криминалот – да се и над децата. Само да знаете, дека вашите деца никогаш тоа нема да ви го простат, а борбата која ја водиме е и за вашите деца“, дециден е Кардула.

Print Friendly, PDF & Email