Во текот на денот, ЦИВИЛ прими повеќе повици со прашање кој и како може да поднесе приговор до ДИК. Тоа прашање го одговара Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори на ДИК, во член 4 и 5 кои ги објавуваме овде
Рокот за поднесување приговори до ДИК е продолжен до 2 часот по полноќ, како што извести ЦИВИЛ Медиа. Иако процедурата не е ни оддалеку едноставна и претпоставува пријавувачите сами да ја завршат целата работа, ЦИВИЛ – Центар за слобода упати повик до граѓанките и граѓаните да го искористат своето право на приговор до ДИК и да пријават нерегуларности до организацијата.
Приговор до ДИК може да поднесе: 1) Учесник во изборна кампања кој смета дека не се почитувани до крај одредбите за активностите и времетраењето на изборната кампања за пропишани во члена 69 од Изборниот законик; 2) Секој подносител на листа на кандидати доколку смета дека е направена повреда во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите; 3) Секој избирач кој смета дека му е повредено личното избирачко право: а) Во постапката на спроведување на гласањето и/или б) Во целиот изборен процес.
(1) Приговорите се поднесуваат во писмена форма и мора да содржат: 1) податоци за подносителот на приговорот; 2) релевантни факти кои вклучуваат: место (општина, населено место, изборна единица, гласачко место каде што се случила повредата; време кога е сторена повредата; детален опис на настанот; кој е наводниот сторител; аргументите во прилог на приговорот; докази кои ги поддржуваат наводите на подносителот на приговори; видот на повредата на Изборниот законик, односно активно или пасивно избирачко право; 3) Барањето кое е упатено до ДИК; 4) Дали е евидентирана забелешката во записниците за предавање а изборниот материјал, за гласачкото место, за гласање, сумирање и утврдување на резултати или е предадена до ОИК, а доколку не е навремено поднесена забелешка кои се причините за тоа(важи само за повластени претставници на носители на листи; 5) електронско сандаче и телефонски број; 6) Име, презиме на подносителот на приговорот.
(2) Приговор може да се поднесе и на посебни обрасци од ДИК што можат да се најдат на страната на ДИК www.sec.mk. Со приговорот, подносителот треба да ги достави доказите во поткрепа на своите наоди и доказите во поткрепа на своите наоди. Во поткрепа на наводите за повреда во определена фаза на изборниот процес, подносителот на приговорот ги приложува соодветните докази во оригинали или фотокопии заверени кај нотар. Подносителот треба да приложи и листа на приложени материјални докази. Кои факти ќе ги земе како докази одлучува ДИК по свое уверување врз основа на свесна и грижлива оцена на секој доказ посебно и на сите докази заедно како и врз основа на резултатот на целокупната постапка.