Граѓанската асоцијација МОСТ во рамките на проектот “Патоказ кон демократски реформи”, организира конференција “Одвојување на државата од политичките партии” утре, 6 септември, со почеток во 11:00 часот, во хотел Александар Палас.
Целта на конференцијата е да се дискутира за механизмите кои треба да придонесат кон одвојување на државата од политичките партии, особено во пресрет на тековните локални избори, вклучувајќи ги и мерките предвидени во Планот 3-6-9 за справување со овој проблем.
Претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, ќе придонесе кон дискусијата на тема „Искуства и препораки од домашните и меѓународните набљудувачи на изборите“.
Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, Дарко Алексов, извршен директор на Граѓанска асоцијација МОСТ и Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија.
Дополнително на конференцијата ќе говорат и Александар Бајдевски, заменик министер за информатичко општество и администрација; Беса Арифи, универзитетски професор; Алберт Муслиу, аналитичар; претставници на политичките партии како и претставници на граѓанскиот сектор на тема „Правна рамка, мерките од Планот 3-6-9 поврзани со одвојувањето на државата од политичките партии во пресрет на локалните избори“ со почеток во 11:30 часот.