Kинеската компанија „Алибаба“ на својот сајт рекламира „гумени чамци за бегалци“, долги 9 и широки речиси 2 метра, во сите бои, а со цена од 800 до 1.100 долари, Гаранцијата им е од три до пет години!
Стандардна опрема за чамците, кои се рекламираат како производ „со висок квалитет“, се весла, но и пумпа, опрема за поправка и седишта. Дополнителна опрема се појасите за спасување.
Додека ЕУ се обидува да го сопре и спречи приливот мигранти и бегалци на нејзина територија, „Алибаба“ бескрупулозно профитерски, им нуди на шверцерите со луѓе (или на нивните жртви) транспортно средство „со висок квалитет“.