„Зоран Заев прв ќе избега од Македонија, бидејќи ништо не прави за доброто на државата! Со албанската Платформа и со Договорот со Бугарија има за цел да се избрише македонскиот народ!“, одговара еден од анкетираните граѓани на прашањето – кој политичар/функционер од опфатените во случаите на СЈО, следен ќе избега од Македонија – од денешната теренска анкетата на ЦИВИЛ Медиа на скопските улици.
На новинарско прашање каде во Договорот со Бугарија стои дека ќе се избрише македонскиот јазик, име, народ, држава…, соговорникот одговара дека „тоа е затскриено, тоа не е ни спомнато, зошто не е спомнато ни македонски јазик, ни народ македонски, ништо не е спомнато!?“.
Соговорникот на ЦИВИЛ Медиа, е дециден дека Заев го штити „чадорот озгора“, како што според него, го заштитил и на 27 април во македонското Собрание, на „крвавиот четврток“, кога стотина демонстранти од иницијативата „За заедничка Македонија“, влегоа и ги нападнаа пратениците од СДСМ и ДР ДПА. И за насилството во Собранието, нашиот соговорник смета дека Заев е виновен, бидејќи ги „наместил“ луѓето кои упаднаа во Собранието и„го испровоцирал македонскиот народ кој протестирал 70 дена“.
Вулнет Махмути
Камера: Дехран Муратов