Според информациите од македонското Министерство за надворешни работи, евакуирани се сите македонски државјани кои што живеат на островот Сент Мартин. И Македонката што живее на францускиот дел од островот и семејството од Штип, што живее во холандскиот дел. Амбасадата во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД.
„Досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани. Апелираме на будност и на следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот сè уште не е надмината“, сооопшти МНР.
Според последните информации, ураганот Ирма го намали интензитетот до прва категорија. Меѓутоа, опасноста и натаму останува, бидејќи ветерот носи сè пред себе, а се најавуваат и можни поплави.
Од ураганот Ирма на Флорида настрадаа три лица, шест милиони жители се евакуирани, а уште три милиони други граѓани останаа без струја, поради оваа природна катастрофа.