Реакции во светот против крвопролевањата и тортурата врз муслиманите во регионот Аракан, во Мјанмар.
„Human Rights Watch” објави извештај во кој се вели дека преку сателитски снимки откриле десетина пожари кои дивеат низ регионот Аракан во Мјанмар, каде со денови се убива муслиманското население. Грозоморните снимки и фотографии од регионот го потресоа светот, иако сличните сцени не се новина за Мајанмар, каде религиозната слобода е загрозена и веќе пет години судирите на будистите и муслиманите не престануваат, а војската сурово се пресметува со муслиманското население.
Иако пролетта, ОН покренаа формална истрага за обвинувањата дека армијата на Мјанмар спроведува операции на „чистење“ во регионот главно населен со муслимани, директно насочени кон цивилното население кое е изложено на убиства, силувања и тортура. будистичките власти на Мјанмар ги отфрлаат ваквите обвинувања. Будистичкото мнозинство, ги третира Муслиманите во Мјанмар, за бегалци од Бангладеш и дојденци без права,
по повод последните крворполевања, Жозеф Бенедикт од „Amnesty International“ изјави: „Не смее да се повтори минатогодишниот ужасен напад на војската која на сличен начин измачуваше, убиваше и силуваше луѓе од Рохинга, палејќи и цели села по патот“.
„Amnesty International“ и бројни невладини организации за човекови права низ светот, на кои им се придружува и ЦИВИЛ – Центар за слобода , повикуваат на брза реакција на светската јавност и на Обединетите нации, да не се дозволи да се продолжи со овој ужасен акт на геноцид врз невини цивили.