Сашо Мијалков е првиот следен политичар/функционер поврзан со случаите на СЈО, кој ќе избега од Македонија, се изјаснија мнозинството од анкетираните граѓан(к)и на онлајн анкетата на ЦИВИЛ. Анкетираните сметаат дека по Мијалков, куферите ќе ги пакуваат по ред: Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер и Гордана Јанкуловска, а експремиерот Никола Груевски е на петтото место.
Ова се резултатите од онлајн анкетата на ЦИВИЛ Медиа, каде граѓанките и граѓаните одговараа на прашањето „Кој/а политичар/ка или функционер/ка поврзан/а со случаите на Специјалното јавно обвинителство, следен ќе избега од Македонија?“.
На акетата одговориле вкупно 228 граѓан(к)и, од кои 64 (28%) сметаат дека првиот следен политичар/функционер поврзан со случаите на СЈО (по бегството на Грујевски и Бошковски од УБК) ќе избега Мијалков, 35 граѓани (15%) го предвидоа бегството на Миле Јанакиевски, 34 (15%) – на Мартин Протуѓер, 29 (13%) – на Гордана Јанкуловска и 24 (11%) – на Никола Груевски.
Владимир Талески и Елизабета Канчевска Милевска го делат шестото место со по 13 гласови, односно со по 6% од анкетираните.
Само тројца од граѓан(к)ите (1%) сметаат дека Тони Трајковски ќе ја напушти државата.
Ниту еден од анкетираните не верува дека Илија Димовски ќе избега од Македонија!
Во графата „останато“, од анкетираните граѓан(к)и како можни бегалци од правдата беа предложени Владимир Пешевски, Кирил Божиновски и Зоран Заев.
1% од анкетираните одговориле дека сите ќе ја напуштат државата.
Анкетата на ЦИВИЛ Медиа произлезе од актуелната потрага по недостапните Горан Грујовски и Никола Бошковски кои наместо во притвор, се најдоа на меѓународна потерница на Интерпол. Претходно, во бегство беше и бизнисменот Сеад Кочан.
ЦИВИЛ Медиа спроведе и видео анкета со истото прашање, на кое граѓаните имаа најразлични одговори за тоа кој следен политичар/функционер ќе ја напушти државата.