Categories

ОМБУДСМАН Мемети: Доведено е во прашање набљудувањето на локалните избори!

Народниот правобраниетел Иџет Мемети, на средбата со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, истакна дека поради недостиг на кадар е доведено во прашање мониторирањето на изборниот процес на претстојните локални избори!

И покрај подобрената комуникација со институциите кои се мониторираат од Народниот правобранител и направените законски измени, оневозможена е нивната практична примена, поради недостиг на капацитети и неусогласеност на правната регулатива.

Народниот правобраниетел Иџет Мемети денеска ги информираше претставниците на ОБСЕ дека во пресрет на локалните избори, поради недостигот од кадар, е доведено во прашање мониторирањето на изборниот процес, како и отворањето на на бесплатната телефонска линија

Омбудсманот Мемети потенцирал дека во согласност со можностите, на граѓаните ќе им се овозможи заштита на нивното избирачкото право.

Б.Ј.

Print Friendly, PDF & Email