Владата на вчерашната седница одлучи Народниот правобранител Иџет Мемети, да биде набљудувач во Управниот одбор на Европската агенција за фундаментални права, а за заменик-набљудувач ја назначи Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет.
Македонија своето барање за членство во Европската агенција за фундаментални права го поднесе уште во 2008 година, а конечно беше примена во август годинава. Со оваа одлука, Македонија е единствената земја-кандидат за членство во Европската унија која се стекнала со право да учествува во работата на Агенцијата.
За офицер за врски е поставена Тања Кикерова, раководител на Одделението за човекови права во Министерството за правда, а заменик-офицер за врски е Елена Бодева, соработник во Министерството за надворешни работи.