Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека 12 години укажувал на лошиот затворски систем, но дури сега, Владата, конечно изразила желба да се нафати да го реши проблемот со затворскиот систем.
„Ниту еден од секторите внатре, почнувајќи од обезбедувањето, класификацијата, здравствениот сегмент, исхраната, едукацијата…, секаде има проблеми кои не чекаат, кои требало вчера да се решат“, додаде Мемети.
Спред него, најстрашно е што од 2.000 затвореници годишно, стотина се повратници.
„Кога посетуваме некоја установа со граѓани кои имале судир со законот, по 2-3 години, ги наоѓаме во ‘Идризово’, стануваат тешки криминалци. Значи системот на репресија, не само со казната, туку продолжува и во затворот“, рече Мемети на денешната прес-конференција.
Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска