Categories

СКОПЈАНКА Не барам ништо, сакам само куферот да ми го вратат!

„Не добив ништо од политичарите, ниту сакам да добијам“, одговори една скопјанка во поодмината возраст, на прашањето на репортерите на ЦИВИЛ медиа, и само побара да ѝбиде вратен украдениот куфер со ракотворби…

Нашата соговорничка изработува ракотворби што ги продава во центарот на Скопје, на импровизирана тезга.

„Имавме една трафика, ама надлежните ни ја земаа. Бев кај Коце Трајановски и Груевски, и тие ми дадоа само дозвола дека може слободно да продавам, никој да не ме задева, и сум им благодарна. Но, треба да ни дадат некое место каде што ќе имаме покрив над глава“, додава соговорничката.

Таа останала без поголемиот дел од своите ракотворби, бидејќи некој го украл нејзиниот куфер.

„Барам од тие што ми го украдоа куферот, да ми го вратат, ако треба, ќе им дадам 100/200 евра, само да ми го вратат мојот куфер. Ми викаат, да ти дадат 5.000 евра за тој куфер, јас им велам, и цело Скопје да ми го подарат, јас нема да го дадам куферот, сакам да го најдам и да го гледам пред мене“, вели скопјанката со солзи во очите.

Од МВР одговориле дека истрагата е во тек, како и дека ќе го најдат куферот.

 

Дехран Муратов / Биљана Јордановска

Монтажа: Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email